На некој начин државен удар е кога после изборите ќе се донесе платформа во друга држава, а ќе се однесува на вашата држава, во случајот нашата, Република Македонија, вели во интервју за Хрватската Радио Телевизија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.-Кога таа платформа не е изнесена пред граѓаните на избори и кога граѓаните не се согласуваат, кога таа платформа е спротивна на Уставот на државата и кога политичарот кој што ја прифаќа таа платформа е уценет, додава Груевски.
Вели дека граѓаните не гласале за таа платформа и оти само еден месец пред изборите не знаеле дека Зоран Заев ќе прифати таква платформа.
-Со таа платформа мнозинството Македонци ќе се однесат во опозиција со цел малцинството Македонци и мнозинството Албанци во Македонија да ја донесат таа платформа. Така гледано може да се каже дека е еден вид на државен удар, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Прашан зошто албанската платформа е спорна, Груевски вели дека тоа е спротивно на Уставот на Македонија.
-Се оди кон бинационална држава, се занемаруваат другите етнички заедници во Македонија, како што се Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите и Хрватите… зошто да не? Така што сите се ставаат во една споредна позиција, а се фаворизира само една, се фаворизира албанската етничка заедница, а тоа се прави неуставно, тоа се прави без да се најави на изборите, со платформа потпишана во друга држава под покровителство на друг премиер, на премиерот Еди Рама.
Груевски потенцира дека тоа било потврдено и од Движењето БЕСА, која јавно кажа дека целата идеја и целото пишување на платформата било под покровителство на државата, Република Албанија.-Кога таа платформа не е изнесена пред граѓаните на избори и кога граѓаните не се согласуваат, кога таа платформа е спротивна на Уставот на држават