Груевски за Мицкоски и Заев: Седна на маса со главниот „џелат“ на ВМРО-ДПМНЕ

Да заклучам…Три дена молчев на нападите од Мицковски за да оставам простор да се види и да стане јасно кој сака меѓусебни расправии и раскол, кој напаѓа, кој ги дели луѓето во партијата принудувајќи ги на бесмислени подршки, и најмногу од се да ги видиме доказите за наводните тајни средби, документите, фотографиите итн.

Груевски за Мицкоски и Заев: Седна на маса со главниот „џелат“ на ВМРО-ДПМНЕ

Ништо од тоа!

Наместо докази – прераскажување филмови. Сега излезе дека тајните средби биле во 2015 година, пред 8 години, а интервјуто на Ахмети кое подоцна сите го демантираа, е дадено една недела одкако Мицкоски на 5 септември дал интервју за ФАЦ.

Некакви УСБ-а и пликоа пред две години, како делови од трилер во детски маалски летни вечерни разговори пред зграда на клупа. Практично се што збореше 3-4 дена за тајни средби во Будимпешата си го негира на интервјуто на Алсат М.

Не прекинаа со напади секојдневно, цела кампања подготвиле и наместо со СДС се бават со мене.

Добил задача да се раскара со мене и се пресметал дека токму сега тоа му е исплатливо и му треба. Членството нека си процени дали тоа му паметно, морално и рационално.

И молк за Заев. За нивната тајна соработка и заеднички планови. Кои се темелите, целите, моралната димензија, националните позиции и идеологијата на новото сојужништво со З.Заев.

Јас кога заминав тој беше наш политички заеднички противник, беше главниот “џелат” на сите политички прогонети од ВМРО-ДПМНЕ, тоа беше влада која направи промена на името, уставот, националноста, идентитетот, историјата…со договорот со Грција, ги апсеа нашите пратеници за да ги уценат за гласање, Заев на телевизија тврдеше дека “Сичките сме сшти”, “един народ сме” итн.

До пред година-две ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека Заев е нај корумпираниот политичар, предавник итн.

Гледам сега се плашат името да му го спомнат. Со тој ли сега политички сојузници треба да бидеме?

Што се случи?

(Подолу делот од интервјуто на Мицкоски за Алсат М, посветен на мене, каде освен омразата, можете да ги видете “доказите”, филмовите, лагите со мешање на времиња на дадени интервјуа…)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.