Груевски имаше документи, не го шверцуваа унгарски дипломати

На денешната прес-конференција унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто рече дека Груевски морал да премине преку три граници за да стигне до Унгарија, при што сите три преминувања биле целосно легални.
„Тој ги предал своите патни документи и тие биле испитани од властите“, истакна Сијарто, негирајќи дека унгарските дипломати кои биле во придружба на Груевски учествувале во некаква трговија со луѓе.
Како што изјави Сијарто, дипломатите првично го сретнале Груевски во унгарската Амбасадата во Тирана, каде што биле запознаени со неговото барање за азил. Тој, исто така, истакна дека не е запознаен со шпекулациите дека во целата ситуација има некаков заткулисен договор и додаде дека Унгарија е во постојан дијалог со Македонија за случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.