Груевски и Мицковски ја спукале? Заврши ли љубовта?

Нешто слично како љубовта помеѓу Љубчо и Никола која што траеше 11 месеци и 15 дена после контроверзниот конгрес на ВМРО во Охрид во 2003, и оваа „новата“ љубов помеѓу Никола и Христијан по се изгледа дојде до својот пребрз крај. Валандовскиот „конгрес“ (намерно во наводници) ја зема својата најголема жртва до сега. Нас не не изненади, но за поширокото членство е повеќе од шок гласиштето кое кружи низ празната „Бела палата“ дека Груевски и Мицковски ја спукале? Па затоа и се исселил Груевски од штабот и си отворил свои канцеларии во Палома Бјанка. Од таму го спремаше и докторатот и одбраните за рочиштата кои ги има редовно скоро секоја недела…
Во меѓувреме Мицковски забрзано се подготвувал и за уште еден судир за кој што барал поддршка од странците. За да му удоволат и го донесоа Законот за финансирање на политичките партии иако овој закон кој што ги „дебилизира“ партиите не бил воопшто на агендата на „лидерските“ (ако може да се каже дека Македонија има лидери) средби и Заев не го ни размислувал тоа како прашање. Но, менторите се погрижиле да му обезбедат на Мицковски независен извор на финансии за да може да влезе во наредниот судит растеретено. Но за тоа во некоја друга прилика.
Да се вратиме на Груевски. Очигледно неговиот пулен и протеже кој со сета сила го напика како негов наследник веќе си ги покажал намерите. Затоа Груевски се жалел дека не зборуваат воопшто и дека не го добива заслуженото внимание кое коренспондира со неговото пресудно влијание врз неговите делегати (истите од конгресот во Куманово, разни секретарки, роднини и слично, се но не и политички фигури) да го изберат по секоја цена Мицковски. Сега на овој начин повеќе од неизвесна е иднината на Груевски во политичка смисла. 
Мошне зачудува и тоа што Груевски молчи во врска со промената на името и бришењето на идентитетот на Македонците. Тоа беше магистрала по која што се возеше 12 години и истата му овозможи да ужива во неограничено владеење врз државата. Затоа најмалку што може сега да направи е да се произнесе јавно и да го каже својот став за референдумот. Да не се случи да стане омрзнат како неговиот ментор Љубчо Георгиевски кој од петни жили се труди да и наштети на Македонија, но беше еден од првите да ја поздрави „харизмата“ на Мицковски…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.