Од 2017 година наваму македонските граѓани се крадени преку набавките на лекови, криминалот е тежок над 100 милиони евра, вели во објава на Фејсбук поранешниот премиер Никола Груевски во врска со вчерашната седница на анкетната комисија на Собранието за скандалот со Онкологија.
Груевски додава дека граѓаните треба да се запрашаат зошто во периодот кога тој беше премиер имаше доволно финансиски средства за набавка на нова опрема, градење и реконструкција на болници и слично, а сега нема.
- Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
- Два хороскопски знаци кои сакаат да глумат жртви
- Сиљановска Давкова-Орбан: Изразена надеж за фер процес на пристапување во ЕУ што ќе го почитува дигнитетот на македонските граѓани
- Единственото нешто што Цеца побарала во затвор: Стражарите ѝ забранувале, а политичарот се шокирал кога слушнал што сака (фото)
- Австралија не ги забрани само социјалните мрежи за деца под 16 години- нема Јутјуб, PlayStation
- Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки
- Ретки фотографии од Тито во гаѓи за капење: Еве како Маршалот уживал во луксуз на приватна плажа (фото)
- Чурлинов: Натпреварите нема да бидат лесни, но ќе дадеме сè од себе
- Цел Холивуд на 50 роденден на Леонардо ди Каприо: Манекенки и актери во преден план, прослава зад затворени врати (фото)
- Злобните украински ветерани доаѓаат во оваа земја! Слични искуства имале и со Југославија: „Не знаеме каква ќе биде нивната психолошка состојба…“
Во продолжение објавата на Груевски:
– Криминалот тежок над 100 милиони евра само од 2017 година наваму, во набавките на лекови од страна на државата, а во конструкција на некои моќни политичари под превезот на наводен осигуран квалитет, а преку создавање монопол во набавките каде само на еден трговец му се дава право да понуди од тој лек преку законското попречување на т.н. паралелен увоз е неспорен, видлив и многу лесно докажлив.
Со вокабуларот на нивните обвинители кога ги прогонуваат нивните политички конкуренти “парламентот е доведен во заблуда” и гласал закон од кој поединци многу нечесно профитираа. Тоа е закон кој ќе мора да се укине во тој дел кога Македонија ќе стане членка на ЕУ.
Само треба Македонија да добие ослободено обвинителство и судство и работите да си добијат свој тек.
За ова објавив текст на 16 август. Вчера повторно беше тема во комисијата во парламентот на која поранешниот министер за здравство одговарајќи на прашања на пратениците со повеќе детали го опиша она за што пишував.
Прочитајте. Вреди да знаете како од 2017 година ве крадат преку набавките на лекови.
И запомнете: давање на приватен трговец монопол, односно единствено право само од него државата да може да купи некој лек по цена кој тој самиот ќе ја одреди колку сака, не се прави случајно и без огромен интерес на политичарите кои го протуркале тој закон веднаш по промената на власта во 2017 година. И уште тоа го правеа со лаги и пропаганда дека исправам е голема неправда од нас.
И не се чудете зошто во времето кога бев на чело на владата имаше пари и за опрема и апарати во здравството, и за градба и реконструкција на болници и клиники, и за обуки во најнапредните клиники на светот на илјадници лекари и друг медицински персонал, и за проекти и реформи и за намалување на цените на лековите во аптеките, а сега нема ништо од тоа.
И не се чудете што Македонија од 62. место уште во првите 3-4 години по доаѓањето на власта која не населди отиде до 111. место на листата на Transparency International. Додека ве занимаваа со колата која МВР ја набавило, луѓето работеле на големо. Ама не за народот. – напиша Груевски.
Поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, за време на вчерашното сведочење пред анкетната комисија во Собранието за скандалот со Онкологија, објасни како порано се штеделе пари преку паралелниот увоз на лекови.
Тодоров нагласи дека квалитетот на овие лекови е неспорен и ист како и останатите, единствена разлика е разликата во цената бидејќи никој немал монопол на увоз на лековите.
-Вие сте изманипулирани. Не паѓајте на овие ноторни лаги дека со паралелниот увоз влегувале лекови со сомнителен квалитет. Оваа ноторна лага е фабрикувана од тие што мафијашки го имаа поделено пазарот на лекови во земјава и долго време немилосрдно го цицаа буџетот со маржи од 200, 300 па и 500 проценти, истакна Тодоров кој објасни што всушност е паралелната набавка на лекови.
-Што значи луѓе паралелниот увоз? Овој мој телефон, во Скопје чини 400 евра, а во Турција, истиот телефон чини 350 евра. Истиот. Ако го купам од Турција, ќе платам 50 евра помалку за истиот телефон, овој. Иста марка, исти перформанси, истиот бренд. Е тоа е паралелен увоз на лекови. Знаете зошто го воведовме паралелниот увоз на лекови? Зашто тоа е европска мерка. Дај Боже утре да станеме членка на Европската Унија. Првиот ден кога ќе станеме членка на ЕУ, ќе има паралелен увоз во Македонија. И не може да го забраните. Тоа е единствено во корист на системот а на штета на монополите.
Се сатанизираше паралелниот увоз, дека бил нешто лошо, за да се задржи монополистичката положба на некои добавувачи. Е сега има еден добавувач за еден лек. А кога има само еден, цената е страшна. „Херцептинот“ со паралелен увоз беше 20 илјади денари, сега е 42 илјади денари. Само на „Херцептин“ имавме милион и половина евра заштеда. Е тоа е намалување на долгот, а не – го намалиле долгот зашто Фондот им дал пари. Е браво, така може секој, рече Тодоров.
Во 2012 година во Македонија е воведен паралелниот увоз на лекови но само од земјите членки на Европската Унија. Во тој период секој лек внесен во државата со паралелен увоз од земја членка на ЕУ бил претходно контролиран од специјализирани лаборатории од Стразбур и Лондон. Во 2013 година се сменил Законот за лекови и така се дозволило паралелен увоз на лекови да се прави и од трети земји, а не само од земји на ЕУ – меѓу кои Турција, Русија, Норвешка, Израел, Канада, Јапонија и САД.
-Што значи паралелен увоз на лекови? Тоа значи дека секој лек, покрај од овластениот претставник за тој лек на македонскиот пазар, може да биде понуден и од било која друга веледрогерија регистрирана за дејност продажба на лекови. Ова значи дека се либерализираше пазарот, се зголеми конкуренцијата и се оневозможи единствениот претставник на производителот да си става ќар колку ќе посака и ќе замисли дека треба да заработи за тој лек. Да ви објаснам како оди тоа. Паралелно регистрираниот лек, некоја од нашите веледрогерии ќе го побара на поголемите пазари каде цените на лекови се пониски од нашите, ќе го набави за поевтина цена од тукашната и во една конкурентна постапка, ќе понуди далеку пониска цена од таа што дотогаш ја плаќала државата. Точно се знаеше лекот од која веледрогерија е увезен, кој е неговиот сериски број и се контролираше неговиот квалитет. Секој лек. Доколку настанеше било каков проблем, на фалсификуван лек, или надвор од декларираниот квалитет, точно се знаеше која веледрогерија го увезла конкретниот лек и можеше да се преземат мерки против неа. Додека бев министер, се случи двапати ова. Еднаш да има фалсификуван лек од паралелен увоз и еднаш да има лек од редовен увоз. И во едниот и во другиот случај поднесов кривична пријава. Денеска кога доаѓав наваму случајно најдов наслов, Австрија, денеска „ќе умреле зашто зеле фалсификуван лек за дијабетес“. Фалсификувањето лекови е глобален проблем и го има секаде, објасни Тодоров.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.