Предвремени парламентарни избори нема да има, СДСМ има време да размисли до недела дали ќе учествува на локалните избори закажани за 24 март, изјави премиерот Никола Груевски.
„Измената на Законот е донесена во Парламентот. Можноста е на маса и се надевам дека и таму ќе преовлада разумот и дека ќе ја променат нивната одлука што ја донесоа“, изјави Груевски во Свети Николе каде што е во обиколка на поплавените подрачја.Според Груевски, она што се случи на 24 декември го осмислиле СДСМ уште во јули со цел да се создаде хаотична состојба, а лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски да поентира политички од кризата.„Ги доведоа во прашање нашите евроатлантски интеграции. Тоа го разбра целиот свет и Европа. Верувам дека, сепак, во последен момент тој човек ќе најде сили да излезе од ова деструктивно сценарио кое го обмисли и во кое ја втурна државата“, рече Груевски.
Макфакс
Предвремени парламентарни избори нема да има, СДСМ има време да размисли до недела дали ќе учествува на локалнит