Денес е добар ден, кратко барем на една минута, да се потсетите на 2024 година, и низ што се поминавте, што ви беше цел во која успеавте или не успеавте. Но, исто така да помислите кои се вашите желби, цели и мечти во новата 2025 година.
Ако некој ја загубил вербата дека ќе успее во некоја значајна животна цел, за која многу се трудел, треба да знае дека во животот најголемите пресврти често доаѓаат токму тогаш кога мислиме дека сме на крајот на силите и треба да знае дека успехот е наградата на тие што не се предаваат.
Не губете надеж, дури и кога изгледа дека предизвиците се големи. Најголемата слабост лежи во откажувањето. Големиот Конфучие забележал дека „Не е важно колку бавно одиш, се додека не застануваш.“
Оваа година, ви посакувам да го направете она што веќе помисливте или почнавте да мислите дека е невозможно. Она за што почнавте да губите надеж дека ќе успеете. И оваа година, со вашата упорност, непрестана борба и обиди, и секако со Божја помош, нека биде вашата пресвртница токму во тоа. Но и година кога ќе одлучите да се стремите кон повисоки цели.
Така е со сите наши предизвици. Ниту една мака не е вечна, и секоја борба води кон нова светлина, ако одбереме да не се откажуваме.
И не заборавајте дека успехот не е само во постигнувањето на лични победи. Тој се мери и преку нашата способност да им помогнеме на другите. Смислата на животот не е само да најдеш среќа за себе, туку да ја даваш на други, да станеш светлина во животите на други луѓе.
Искуството не научи дека некои нешта изгледаат невозможни само додека не се направат.
Среќна нова 2025 година.
Нека е посебна во сѐ, а пред се во добро здравје, во успеси во зацртните цели, во позитивни промени во животот на секој од Вас, и во реализација на одамна носени желби и мечти во себе.
Нека донесе радост!