„Каде точно ја напуштил Македонија засега не се знае. Дефинитивно нема излез на легалните гранични премини. Засега е исклучена одговорноста на тие граничари“.- изјави Љубомир Јовевски – државен јавен обвинител.
Сослушани се и сведоци, но за да не наштетам на предистражната постапка други детали не можам да откривам, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Досега се обезбедени бројни докази, искази од сведоци, снимки од безбедносните камери од патиштата, патарините, граничните премини и од околината на домот на поранешниот премиер во Скопје. Сето ова, заедно со доказите прибавени од соседните земји, Јовески очекува овбинителите да откријат кој се е вмешан во организацијата на бегството.
Засега не се знае точно преку кој нелегален премин Груевски избегал, но при тоа нема отстапки од страна на службеници од гранична полиција на “Ќафасан”, “Свети Наум”, “Стење“, “Џепчиште” и „Блато“.
Последен пат пред околу две недели шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска рече дека се прегледуваат снимките од движењето на Груевски низ Скопје, се до денот на неговото бегство на деветти или на десетти ноември 2017 година. Таа рече дека за бегството на Груевски се истражува евентуална одговорност на домашните институции, а од досега утврденото, има ненамерни пропусти.