Никола Груевски ќе биде вратен во Македонија, истакна премиерот Зоран Заев во интервју за “Алсат-М“, исто како и поранешниот хрватски премиер Иво Санадер. Откако тој беше осуден во 2010 година заради корупција избега од Хрватска, но една година подоцна беше фатен и испорачан на хрватските власти.
– Ако се утврди одговорност, ќе понесе одговорност пак кој сака нека е во државата, почнувајќи од мене, па кој било друг. Но, не можеме да разрешуваме луѓе, затоа што е гневна јавноста. И порано се поставуваше дилемата дали Заев се договорил со Груевски со Пржинскиот договор, па испадна дека не се договорил. Сѐ што сум кажал, така било. Јас кажувам дека Груевски ќе биде вратен. Унгарија треба да каже дали бил киднапиран, дали по своја волја влегол во дипломатско возило, рече Заев.
Што се однесува до настаните во Собранието од 27 април минатата година и предлозите на власта за помирување, а на опозицијата за целосна амнестија, Заев изјави дека може да има помирување само за оние кои не учествувале во насилствата.
– Сите што не учествувале во насилството и не биле дел од организаторите внатре, јас немам проблем преку нив да го направиме помирувањето. Тоа може да биде закон за амнестија, донесување на одлука на Парламентот во рамки на своите надлежности. Тоа не е мешање во судството, Парламентот има свои надлежности, изјави Заев.