Грците задоволни од отстапките на Заев

Некои, за жал, инсистираат да играат игри, бил коментарот на грчки владин претставник за грчката новинска агенција АНА-МПА, во врска со вчерашното соопштение од македонското МНР.
– Имаме добар договор на маса, што, како што рече премиерот на ПЈРМ, треба набргу да се затвори. За жал некои инсистираат да играат игри, вели владин претставник за грчката новинска агенција, коментирајќи го соопштението од македонското МНР.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчките медиуми кои ги пренесуваат, како соопштението од Министерството за надворешни работи на Македонија, така и одговорот од грчка страна.


Македонското МНР вчера соопшти дека квалитетот на текстот на договорот и постигнувањето трајно и одржливо решение прифатливо за двете страни, се далеку поважни од потребата процесот да се финализира во каков било рок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.