Грците нудат куќа, земјиште и 500 евра на оние кои ќе се преселат на Антиклитера, остров со само 20 жители

Преубав грчки остров на југот на Пелопонез- Антикитера официјално има само 20 жители.
Поради малото население, Грците се плашат дека овој остров ќе пропадне, па затоа нудат куќа, парче земја и 500 евра за секој кој сака да се досели таму.
Високи карпи со поглед кон морето, скриени заливите и пештерите што треба да се откријат, мало село во кое време чини бујна вегетација која шири мириси на рузмарин и лаванда, дефинитивно ќе ве пречекаат.
Во близина е Крит до кој со траект се патува два часа.

Антикитера е приличн „дива“, но недопрената природае она што го прави местото атрактивно и шармантно. Морето е кристално чисто и совршен за нуркање, а на плажите нема гужва.
Ништо на овој остров не е слично на Парос, Миконос и Санторини, но ова е автентична Грција. Сепак, туристите го избегнуваат, и се чини дека локалното население му го сврте грбот. Има помеѓу 20 и 40 луѓе, нема деца и сè што се случува се случува во селото Потамос, известува Noizz.
Така се родила идејата за повторно населување на острвот и покрената е кампања каде се бараат луѓе кои сакаат да се преселат на Антикитер и тука да основаат семејство.
Во понудата освен куќа, земја и 500 евра е вклучена и бесплатна храна, но услов е трајно да се преселите тука.
Сепак засега нема објавено официјално соопштение за ваквата понуда.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.