Грција бара отштета од Германија од двете светски војни

Исплата на воени отштети за материјалните штети и кражби, репарации за жртвите и роднините на жртвите, отплата на окупаторскиот заем и враќање на украдените археолошки и црковни богатства за време на двете светски војни, бара Грција од Германија. Ова е наведено во извештајот на Интерпарламентарниот комитет, за кој денес на пленарна седница ќе расправа и ќе решава грчкиот Парламент.
Како „историски момент за грчкиот Парламент“денешната седница ја оцени претседателот на Собранието на Грција, Никос Вуцис. Тој нагласи дека станува збор за „морална, политичка и историска обврска што актуелниот Парламент, нема друг избор, освен да ја исполни“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.