Албанските компании кои вршат превоз на патници на релација Албанија-Грција, во вторник изутрина одржаа протести на граничните премини Капиштица и Какавија на албанско – грчката граница.
Над 30-тина автобуси од Саранда, Тирана, Валона, Ѓирокастро и од други албански градови, целосни ги држат блокирани граничните премини.Протестот е поради тоа што 22 албански компании не добија дозвола од грчките власти за вршење на патен превоз од Грција кон Албанија и обратно. Албанските превозници на протестот нагласија дека ако грчките власти не ја променат одлуката тогаш албанските компании за превоз на патници ќе одат во стечај.Грција има воведено одредени дополнителни правила за транспорт на патници за превозници од земјите кои не се членки на ЕУ, а албанските превозници наведуваат дека тие нови критериуми се само заради блокирање на работата на албанските превозници и давање на повеќе простор за работа на грчките авто компании.
Макфакс
Албанските компании кои вршат превоз на патници на релација Албанија-Грција, во вторник изутри