Грција стана првата земја со мнозинство православни христијани што ги легализираше истополовите бракови.
На истополовите парови сега ќе им биде дозволено да посвојуваат деца, беше одлучено по гласањето во четвртокот.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека новиот закон „храбро ќе стави крај на сериозната нееднаквост“.
- АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД СЕДУМТЕ УСЛОВИ НА ИРАН – ТАЈНА ПОСЕТА НА ИРАЧКИОТ ПРЕМИЕР ВО ТЕХЕРАНСоединетите Американски Држави наводно се подготвени да прифатат четири од седумте услови што…
- Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав погледГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изврши увид во работните активности за обнова…
- Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот од Абу Даби би можел да отвори нова дипломатска врата за УкраинаРазговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и рускиот претседател Владимир Путин би можеле…
- Сметката на компанијата на Јелена Карлеуша блокирана поради долг од околу 7000 евраСметката на компанијата „JK Entertainment“ на пејачката Јелена Карлеуша е блокирана поради присилна…
- Ова се 10 знаци кои покажуваат дека сте целосно будниЗарем не е очигледно дека почна да се чувствува глобалното будење?! Но ова…
Но, законот ја подели земјата, со жестоко противење предводено од моќната Грчка православна црква.
На предлог-законот му беше потребно мнозинство за да помине 300-члениот парламент.
- Околу нас конечно ќе бидат видливи луѓе кои беа невидливи, а со нив конечно ќе го најдат своето вистинско место многу деца – рече премиерот во парламентот за време на расправата пред гласањето.
– Реформата го прави животот подобар за неколку наши сограѓани, без да им одземе ништо од животот на многумина – додаде тој, пренесува Би-Би-Си.
По жестоката расправа во грчкиот парламент, 176 пратеници гласаа за, а 76 против.
Инаку, вечерва пред Синтагма се собраа две групи луѓе – верници кои се остро против законот со Грчката православна црква, како и ЛГБТ активисти кои со години се залагаат за негово донесување.






