Грција ги очекува Германците, Кипарците и Израелците во првиот бран на туристи

Грција ќе им овозможи на патниците од околу 20 земји, вклучително и Германија, Кипар и Израел, да влезат од средината на јуни, а нивните граѓани нема да мора да бидат ставени во карантин, откриваат владини извори, нагласувајќи дека се очекуваат првите туристи токму од тие три земји.
Туризмот учествува со околу 20 проценти од грчката економија и владата го смета овој сектор како главен двигател на закрепнувањето по изолацијата.
„Ќе можат да дојдат граѓани од 20 до 25 земји“, открива извор од владата, додавајќи дека Германија, Кипар, Израел и други европски и балкански земји се на списокот.


Премиерот Киријакос Мицотакис рече дека Германците ќе можат да ја посетат Грција од 15 јуни. Меѓународните летови за Солун ќе продолжат на истиот датум, две недели порано од планираното.
Граѓаните на ЕУ – со исклучок на Италија, Шпанија и Холандија – моментално можат да летаат кон Атина, но мора да бидат ставени 14 дена во карантин.
На граѓаните на Велика Британија и на трети земји им е забрането влегување во Грција.
Друг владин извор рече дека здравствените експерти разговараат дали патниците треба да бидат тестирани за коронавирус пред посетата на Грција.
Владата објави дека планира да ги обнови меѓународните летови кон грчките острови на 1 јули, но сè до 15 јули нема да дозволи влез на државјани на земји со висока стапка на инфекција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.