Грција го затвори воздушниот простор за сите руски авиони

Во согласност со одлуката на Европската Унија да го затвори воздушниот простор за Руската Федерација, Грција од денеска во следните три месеци забрани летови на сите авиони од Русија

Согласно издадените авио упатства (НОТАМ) од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, во воздушниот простор на Грција, „забрането е слетување, полетување, влегување и минување низ националниот воздушен простор на Грција на авиони во сопственост на Русија, на руските авиокомпании (AOC), вклучително и приватни авиони”.
Исклучок се хуманитарните летовите, болничките летови и летовите за потрага и спасување по добиено одобрение на грчката Влада, како и сите летови на авиони за итни случаи.
Конкретните авио упатства стапуваат во сила денеска и ќе важат три месеци.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.