Грција: Го убил шурата кога дознал дека со години му ја силувал ќерката

Маж од грчкиот град Волос со пушка го убил својот шура откако дознал дека со години му ја силувал ќерката.

Според грчките медиуми, 50-годишниот Грк по убиството сам се предал во полиција.

(Видео) Нови проблеми во Букурешт: „Косово е Србија“ ги натера фудбалерите на Косово да се повлечат
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ СОТИР КОСТОВ ЗА ЛЕГЕНДАТА НА ЧЕ ГЕВАРА Че Гевара, во секој случај, умре на време, за да израсне во мит. …
INFOMAX.MK
Овој празник поврзан со името на свети Георгиј Победоносец му припаѓа на есенскиот цилклус празници и е поврзан со домашни служби. Уште еден …

Се наведува дека осомничениот со пушка, која законски ја поседувал, пукал и го убил 33-годишниот брат на сопругата, а потоа доброволно и се предал на полицијата, признавајќи го делото.

Уапсениот маж наводно и рекол на полицијата дека решил да го убие својот шура во вторникот наутро, откако неговата 18-годишна ќерка му открила дека нејзиниот вујко ја силувал од нејзината деветта година.

Рекла дека вујко и ја уценувал дека ќе ги објави снимките и фотографиите од нивната врска.

Полицијата ја запленила пушката, а истрагата продолжува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.