Грција: Цените на сновните артикли скокнале до 30% за три месеци

Супермаркетите всушност очекуваат растот на цените на полиците да продолжи бидејќи целосното влијание од зголемувањата на нивните добавувачи сè уште не допре до потрошувачите, додека инфлацијата се очекува дополнително да се зголеми во мај.

Потрошувачите забележуваат зголемување на основните стоки од супермаркети и до 30% во споредба со времето пред руската инвазија во Украина во февруари.

Зголемувањето на цените не се забележува само кај производите директно поврзани со суровините кои порано се увезувале од Украина и Русија, како што се брашното и сончогледовото масло, туку и кај широк спектар на стоки погодени од големиот пораст на трошоците за производство, вклучително и Млечни производи.

Супермаркетите всушност очекуваат растот на цените на полиците да продолжи бидејќи целосното влијание од зголемувањата на нивните добавувачи сè уште не допре до потрошувачите, додека инфлацијата се очекува дополнително да се зголеми во мај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.