Грција ја затвора границата за Србија

Грција ја затвора границата за Србија

Три недели откако владата во Атина дозволи влез во државата за туристи од Србија, грчката гранична служба доби наредба од утре во шест часот да не дозволува влез во земјата за жителите на Србија. Туристи што се веќе таму, ќе можат да останат до крајот на одморот, а потоа слободно ќе можат да ја напуштат државата.

Наредбата е издадена директно од Мицотакис. И е последица на наглото раснење на бројот на заболени кај нашиот северен сосед.

Поради ова Ивица Дачиќ издаде исто така соопштение со кое побара од србите да не патуваат во Грција. Оти ќе се создадат редици на границите без потреба.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.