Два грчки борбени ловца од типот „F-16″ полетале ноќта кон вторник за пресретнување на турски воен хеликоптер кој се приближил на грчкиот остров Калимнос и ги облетал островите Имиа, Фармакониси, Агатониси и Калолимнос, пишува во вторникот интернет страницата Proto Thema.
Турскиот хеликоптер бил забележан околу 23 часот по локално време, кога двата грчки ловца се обиделе да го принудат да го приземјат или да го напушти воздушниот простор на Грција.
Инцидентот, според весникот, грчките власти го оцениле како „многу сериозен”. Вакви инциденти во Егејското Море не се забележани од 1996 година, од тензиите околу островот Имиа
Во 1996 година, имено, меѓу Грција и Турција изби сериозна криза поради спорот за територијалната надлежност вез островите Имиа во Додеканскиот архипелаг во Егејското Море. Во близина на островите, кои Турците ги нарекуваат Кардак, беше насукан брод чиј капетан побарал помош од турските власти, а не од грчките. Грција го оцени навлегувањето на турските спасувачки екипи во овие територијални води како акт на агресија.
Потоа, еден турски новинар кој исто така се истовари на островот, го симна грчкото и го постави турското знаме, а грчките воени морнари повторно го кренаа нивното знаме, додека во близина на Имиа беа концентрирани воени бродови на двете земји. Конфликтот беше запрен по интервенција на меѓународната заедница, особено на САД и на НАТО, но Грција и Турција не се откажаа од своите територијални претензии на овие води.
Последниве денови од кризата, во областа на конфликтот се урна хеликоптер на грчката морнарица, при што загинаа три грчки офицера. Како причина за несреќата беа наведени технички проблеми и замор на екипажот.
Според грчката страна вчерашниот инцидент е второто повредување на воздушниот простор на Грција овој месец, откако претходно на 1-ви февруари, четири турски авиони навлегле во воздушниот простор над островот Иос, а други три источно од островот Родос. Се претпоставува дека станува збор за летала на турските воздухопловните сили коишто учествувале на поморски вежби, а грчката страна одговори со подигнување на борбената подготвеност на својата воена авијација.
Грција веќе рутински ја обвинува Турција за нарушување на воздушниот и повремено, на поморската граница. Двете земји имаат разлики во маркацијата на меѓусебната поморска граница во водите на Егејското Море. Притоа, двете земји водат преговори за преземање мерки за градење меѓусебна доверба.
Макфакс
Два грчки борбени ловца од типот „F-16″ полетале ноќта кон вторник за пресретнување на турски воен хеликоптер кој се