Грција ќе воведе забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 15 години

Грција ќе воведе забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 15 години.

Премиерот Киријакос Мицотакис го објави ова. Речиси две третини од Грците ја поддржуваат забраната, а владата веќе ги ограничува телефоните во училиштата.

„Одлучивме да преземеме тежок, но неопходен чекор: да им забраниме на децата под 15 години пристап до социјалните медиуми“, рече Мицотакис во видео на TikTok.

Со овој потег, Грција им се придружува на Австрија, Австралија, Франција, Шпанија и Велика Британија во нивните напори да го ограничат користењето на социјалните мрежи од страна на децата.

Пронајдете не на следниве мрежи: