Грција ќе префрли 500 албански затвореници во албански затвори

 Министерствата за правда на Грција и на Албанија ги започнаа преговорите дел од затворениците албански државјани кои издржуваат казна затвор  во грчките затвори, наскоро да ја продолжат затворската казна во Албанија.Во првата фаза се очекува да бидат префрлени во албанските затвори на издржување казна 500 албански државјани кои се огрешиле во законот на Грција и сега издржуваат казна затвор.Албанските медиуми јавија дека станува збор за затвореници кои имаат извршено тешки кривични дела и нивните казни се повеќегодишни.Истите извори наведуваат дека во Грција има 8.000 затвореници со извршени тешки кривични дела од кои 2.500 се албански државјани.
Макфакс Министерствата за правда на Грција и на Албанија ги започнаа преговорите дел од затворениците албански државјани

Пронајдете не на следниве мрежи: