Две грчки организации од Австралија изразија разочарување од однесувањето на заменик-министерот за надворешни работи на нивната матична земја, Костас Циарас, обвинувајќи го дека не им посветил доволно внимание за време на посетата на Мелбурн.
Пан-Македонската федерација и Австралиско-Грчкиот совет се лути што Циарас не одржал посебни состаноци со преставниците на двете организации, и наместо во посебно закупената просторија, тоа го направил од нога во фоајето на хотелот кадешто бил сместен.
Претставниците на двете организации, како што пренесува весникот Неос Космос, барале објаснување и за приемот на кој учестувал Циарас, а на кој бил присутен и македонскиот конзул во Австралија, Зоран Ќосески.
„Се што сакавме да направиме е да побараме разјаснување за настан на кој господинот Циарас учествувал во Перт, а на која почесниот конзул на пјРМ во Австралија, Зоран Ќосески, бил наводно присутен. Понатаму, има одредени важни прашања за кои сакавме да побараме совет. Искрено, односот на господинот Циарас збунува. Од една страна тој говори за отвореност, одговорност и вклученост, а од друга страна по кратка постапка да откаже средби со важни грчко-австралиски организации кои се сметаат себе си за продолжена рака на грчките интереси”, коментира неименуван преставник на грчката заедница.
„Ова испраќа погрешна порака до нашата заедница и има штетен ефект врз оние членови од помладите генерации што сакаат да се вклучат”, коментираат за Неос Космос преставници на грчката заедница во Австралија.
Макфакс
Две грчки организации од Австралија изразија разочарување од однесувањето на заменик-министеро