Андонис Самарас, поранешен грчки премиер, сега пратеник на опозициската “Нова демократија“, истакна дека со Преспанскиот договор, Грција за првпат го признава идентитетот на македонскиот народ.
Самарас додаде дека неговата партија нема да го поддржи договорот кој на земјава би и гарантирал членство во НАТО, но најави дека во иднина Грција ќе се откаже од обврските на договорот и ќе започне од почеток преговори за решавање на разликите околу името.
„Со Преспанскиот договор и официјално од грчката страна и се дава името на Македонија, се признава наводната македонска националност, и се признаваат македонскиот јазик и идентитет. Значи им дава се.
И покрај вистинските несогласувања што постоеја во минатото во пристапот за ова прашање од различни влади, ниту еден грчки политичар не го прифатил народот, јазикот и македонскиот идентитет. Никогаш“, рече Андонис Самарас, пратеник на “Нова демократија“.
Пронајдете не на следниве мрежи: