Грчкиот Парламент го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Парламентот на Грција синоќа по речиси 11 часа расправа, со 153 гласа „за“, 140 „против“ и 1 воздржан, го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО, јави дописничката на МИА од Атина.
Вкупно гласаа 294 пратеници, односно сите 145 членови на СИРИЗА и осумте пратеници кои го поддржаа и Договорот од Преспа.
Со прозивање, сите 300 пратеници требаше да кажат дали гласаат „за“, „против“ или „воздржано“. На гласањето му претходеа обраќања на пратениците и лидерите на политичките партии, но и на грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Расправата за нацрт-законот од Министерството за надворешни работи „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“, се водеше во иста линија како и на дискусијата за ратификација на Договорот од Преспа. Од владеачката СИРИЗА и независните пратеници кои ги поддржаа и Договорот и Протоколот говореа зошто тие сметаат дека тоа е во интерес на Грција, а членовите на опозициските партии ги изнесоа нивните аргументи зошто се против.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.