Грчки остров ви нуди бесплатна куќа, храна, земја и 500 евра месечно

Прекрасниот грчки остров во јужниот дел на Пелопонез – Антикитера официјално има само 20 жители. Поради фактот што се намалува бројот на луѓе и фактот дека сè ќе биде уништено без нив, Грците нудат куќа, парче земја и 500 евра за сите што ќе сакаат да се преселат во него.


Високи карпи со поглед кон морето, скриени заливи и пештери што треба да се откријат, малото село има бујна вегетација која шири мириси на рузмарин и лаванда. Во близина е Крит од кој со траект може да стигнете за два часа. Антикилера е прилично дива, со недопрена природа, а морето е кристално чисто и совршено за нуркање.
На островот има само три села во кои доминираат претежно бели куќи и тесни улици, но има и неколку таверни и продавници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.