Заканата за употреба на сила е јасно кршење на Повелбата на Обединетите нации, реагираа од грчкото МНР, преку платформата Икс заканите упатени од лидерот на Хезболах до Никозија.
Портпаролот на кипарската Влада Константинос Летибиотис рече дека јавните тврдења „за вмешаноста на Кипар преку неговата инфраструктура или неговите територии во случај на конфронтација поврзана со Либан се целосно неосновани“.
-Кипар е силен поддржувач на решавањето на конфликтите преку мирни средства и дијалог, согласно меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации, рече Летибиотис.
Кипарскиот претседател Никос Христодулидис, во средата, коментирајќи ја изјавата на лидерот на Хезболах Хасан Насрала порача дека „Република Кипар не е дел од проблемот, Република Кипар е дел од решението“.
Насрала во телевизиско обраќање во средата рече дека би можеле Кипар да го сметаат за вклучен во војната ако продолжи да му дозволува на Израел да ги користи своите аеродроми и бази за воени цели.