Грчката канцеларија за врски во Скопје упати реакција до македонското Министерство за надворешни работи, поради оштетувањата на грчките воени гробишта кај Валандово што, според нивните сознанија, биле значителни.
Од канцеларијата побарале итна истрага за случајот, нагласувајќи дека ваквите настани не се во корист на добрососедските односи.
„По инструкции од министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос, шефот на Канцеларијата за врски во Скопје упати официјален демарш до Министерството за надворешни работи во пјР Македонија, барајќи властите на пјР Македонија да го осудат инцидентот и да ги преземат сите неопходни мерки да ги идентификуваат и казнат оние што се одговорни и да ја поправат направената материјална штета”, се вели во соопштението од грчкото МНР.
„За жал, овие инциденти уште еднаш го потврдуваат ризикот и последиците од национализмот и популизмот, што се негуваат во пјР Македонија до точка кога починатите се грубо напаѓани и не се почитува историјата”, велат од грчкото МНР.
Makфакс
Грчката канцеларија за врски во Скопје упати реакција до македонското Министерство за надвореш