Губитниците од доделувањето на Оскарите си заминуваат со 45.000 долари

 Губитниците од доделувањето на најпрестижните филмски награди Оскарите годинава нема да си заминат со празни раце, бидејќи самиот факт дека се номинирани ќе им донесе подарок од 45 илјади евра кои вклучуваат од атрактивни патувања па до шише текила.Имено маркетинг агенцијата „Distinctive Assets“ од Лос Анџелес, единаесетта година по ред ќе ги доделува подароците под мотото „Секој е добитник“ со подарок пакети за номинираните за Оскар во вредност од 45 илјади американски долари.Подарок пакетите вклучуваат патувања во Австралија, на Хаваи или во Мексико, вежбање со личен тренер, кондоми, шише текила, рачно насликани патики, термини за естетски зафати, како и посебен сервис за јадење кој го ограничува количеството на оброкот за оние коишто внимаваат на линијата.Американската Академија за филмски науки и уметности (AMPАS) престана во 2007 година да дели подароци пакети, практика којашто дојде во интерес на американските даночни власти. Славните личности кои ги примаат подароците и бесплатните патувања морале да ги пријавата на даночната управа како приход и да платат на нив даноци.Годинешниот подарок пакет вклучува и акупунктура и ароматерапија, еднонеделен престој во фитнес центар и едногодишно право на специјални услуги за ВИП клиенти на лондонскиот меѓународен аеродром Хитроу.Церемонијата на доделувањето на Оскарите, инаку, ќе се одржи во Лос Анџеле на 24-ти февруари.
Макфакс Губитниците од доделувањето на најпрестижните филмски награди Оскарите годинава нема да си заминат со праз

Пронајдете не на следниве мрежи: