Гувернерот на Народната банка на Иран поднесе оставка поради девалвација на риалот

Гувернерот на Националната банка на Иран денеска поднесе оставка по рекордната девалвација на риалот поради санкциите воведени против Иран од 2018 година, јавија локалните медиуми.

– Откако ја прифати оставката на Али Салехабади, одборот на директори го избра Мохамед Реза Фарзин за нов шеф на централната банка, јави иранската државна телевизија.

Гувернерот во оставка беше назначен пред 15 месеци. Во тој период, риалот загуби околу 25 отсто од својата вредност. Валутата падна од околу 330.000 риали за еден долар за два месеци на 430.000 риали, бидејќи инфлацијата расте.

Иран е погоден од серија американски санкции од 2018 година. Тогашниот американски претседател Доналд Трамп одлучи да ја повлече својата земја од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма и повторно воведе санкции против Иран.

Западните земји, исто така, воведоа санкции за некои ирански компании и воен персонал, по обвинувањата дека Иран и доставува беспилотни летала на Русија за инвазијата врз Украина. Техеран ги негира обвинувањата.

Иран, исто така, е погоден од санкции од Европа, САД и Канада поради неговиот одговор нÐ ° протестите по смртта на Иранката Махса Амини во притвор. Таа беше уапсена поради кршење на правилата за облекување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.