Гудељ јавно и се обрати на Цеца, а таа со голема емоција му прати јасна порака

Познатиот фудбалер Немања Гудељ пред неколку дена во Будимпешта играше во финалето на Лига Европа, а од трибините го бодреше неговата девојка Анастасија Ражнатовиќ, а неговиот тим на крајот победи во големото финале.

Мајката на Анастасија, српската пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, сега на социјалните мрежи сподели видео во кое ја гледаме прославата по натпревар.

– Вака мојот зет го слави влезот во Лигата на шампионите! – напиша фолкерката на Инстаграм како дел од објавата.
Немања бил воодушевен од овој нејзин гест, па објавата ја објавил на својот профил.

– Цециииии моја! – ѝ кажа воодушевено преку „story“.
Инаку, Цеца Ражнатовиќ синоќа се огласи на својот Инстаграм профил и покажа колку се сакаат нејзината ќерка Анастасија и Немања. Таа сподели слика од фудбалскиот терен, а Немања цело време ја гушкаше и бакнуваше Анастасија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.