Гужва на граница: На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час

Зголемена е фреквенцијата на возила на ГП „Табановце“ за влез и на ГП „Богородица“ за излез од државата, а времето на чекање е околу 30 минути, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.