Гужви на граничните премини, над 16 илјади граѓани излегле од државава

Велигденските празници и продолжениот викенд предизвикаа зголемена фреквенција на патници на граничните премини. Според податоците од Министерството за внатрешни работи над 16 илјади патници поминале на „Богородица“ кон Грција и на „Табановце“ кон Србија.
На граничниот премин Богородица, во периодот од четвртокот напладне до денес напладне, изглегле 6.864 македонски државјани, а влез во државата имале 1.394 патници.
Голем број патници се регистрирани и на граничниот премин Табановце кон Србија каде од државата излегле 9.150 македонски граѓани, а влегле 3.158.
На граничниот премин Дојран, 546 патници ја напуштиле државата, додека 241 влегле, додека на Меџитлија 832 македонски државјани излегле од државата, а 129 влегле.

Пронајдете не на следниве мрежи: