Гутереш загрижен дека Либан ќе стане втора Газа

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изрази загриженост дека Либан ќе стане „уште една Газа“ поради зајакнувањето на вооружениот конфликт меѓу Израел и проиранската либанска шиитска организација Хезболах.

-Она што ме загрижува е можноста Либан да се претвори во втора Газа – изјави Гутереш за Си-Ен-Ен на отворањето на неделата на годишното заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Во краткото интервју, Гутереш, кој се залага за смирување на Блискиот Исток, исто така го изрази своето жалење што по речиси една година војна во Појасот Газа меѓу Израел и палестинскиот Хамас, ниту една страна не сака „вистинско“ примирје.

-Јасно ми е дека двете страни не се заинтересирани за примирје. И тоа е трагедија бидејќи тоа е војна што треба да престане – изјави тој за Си-Ен-Ен.

Пронајдете не на следниве мрежи: