По веста дека косовскиот Парламент усвои три закони чија цел е јакнење на улогата и капацитетот на косовските безбедносни сили генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изрази загриженост и притоа ги повика „сите страни“ на воздржаност, јави “Танјуг“.
– Гутереш истакна дека Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН ја претставува единствената законска рамка за присуство на меѓународни безбедносни сили – КФОР – на кои им е доверена одговорноста за обезбедување безбедна средина во Косово, се наведува во соопштението на заменик-портпаролот на генералниот секретар Фархан Хак доставено до агенцијата “Танјуг“.
Како што е посочено, какво било ограничување во спроведувањето на безбедносните одговорности на КФОР би било во несогласност со таа резолуција.
– Генералниот секретар на ОН ги повика сите инволвирани страни да се воздржат од каква било акција која би можела да ги зголеми тензиите и да предизвика натамошен пад во дијалогот со посредство на ЕУ, со цел да се нормализираат односите меѓу Белград и Приштина, се вели во соопштението.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.