Далиќ се заблагодари за поддршката на Македонија!

Селекторот на хрватскиот национален тим, Златко Далиќ, беше задоволен од победата над Канада, а им се заблагодари и на Македонците за поддршката која им ја даваат на Коцкестите за време на Мундијалот.

Македонски новинар му кажа на Далиќ дека Хрватска има голема поддршка во нашата земја, а тој се заблагодари.

Далиќ се заблагодари за поддршката на Македонија!

„Благодарам Македонија за поддршката која ни ја давате“ – рече Далиќ.

Далиќ истакна и дека не се видел со канадскиот селектор после мечот.

„Не се појави, не ми честиташе. Очигледно господинот е лут. Јас сум учен секогаш да му честитам на противникот ако ме победи.

Квалитетен тренер е, но уште мора да учи што е пристојност и спортска култура“ – рече Далиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.