Дали би пробале вакво кафе?

За добра шолја кафе не се потребни многу состојки, но сепак низ светот постојано се експериментира со нови вкусови и додатоци на овој омилен пијалак, а последниот од нив е токму брокулата.
По вкусот на куркума и тиква, најновиот тренд во светот е еспресо и капучино со вкус на брокула. Имено, едно кафуле во Мелбурн сместил таков производ во својата понуда, тврдејќи дека ова е поздрава варијанта на кафе.

Бармените од кафулето “Commonfolk” тврдат дека две кафени лажички брокула во прав ја дава доволната количина на нутритиенти како и цела порција брокула.
“Откривме дека постои група на големи обожаватели на брокула кои водат грижа за здравјето и на кои им се допаѓа ваквото кафе, како и оние кои го консумираат овој пијалак со цвекло или куркума”, изјавил сопственикот на кафулето, Сем Кек.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.