Спроведеното истражување покажало дека на децата кои јадат “junk food”, со текот на времето им се намалува IQ-то.
Децата кои често јадат брза храна, наместо домашни, готвени јадења, ризикуваат да им се намали коефициентот на интелигенција, објавиле истражувачите од Универзитет во Лондон.
Истражувањето е спроведено на 4.000 деца, на возраст од три до пет години, од различни социјално-економски средини. Утврдено е дека децата кои јаделе свежи оброци, кои претходно биле приготвени дома, се попаметни, додека децата кои јаделе брза храна, покажале намален коефициент на IQ.
“Познато е дека храната која ја внесуваме во себе влијае на развојот на мозокот. Претходните студии покажаа ефекти од одредени намирници, но ова е прв пат да го тестираме ефектот од целиот оброк, поделен во неколку типови”, рекла д-р Софија Вон Стам, од Универзитет во Лондон.