Дали вашиот ајфон наскоро ќе може да открива знаци на депресија?

Apple работи на нова технологија која би можела да помогне при дијагностицирање на проблеми со менталното здравје и когнитивниот пад.

Дали вашиот ајфон наскоро ќе може да открива знаци на депресија?
Како што објави The Wall Street Journal, технолошкиот гигант работи на нова функција на ајфон која може да открие дали корисникот е депресивен или страда од когнитивно нарушување. Технологијата ќе користи сензорни податоци, вклучувајќи ја физичката активност на корисникот, шемата на спиење, начинот на куцање, за да ги забележи дигиталните сигнали поврзани со различните ментални или невролошки проблеми.

Дали вашиот ајфон наскоро ќе може да открива знаци на депресија?

Apple ја усовршува оваа технологија во соработка со Универзитетот во Калифорнија како и фармацевтската компанија Biogen. Истражувачите од универзитетот ги проучуваат стресот, анксиозноста и депресијата, додека фармацевтската компанија работи на истражување на случаите со благо когнитивно нарушување.
Во текот на истражувањето кое започна претходната година, Apple ги следи податоците на околу 30.000 испитаници. Истражувачите ги следат податоците од камерата на телефонот, тастатурата и аудио сензорите. Податоците кои се собрани на тој начин, можат да алудираат на менталната состојба на испитаникот, земајќи ги предвид неговите изрази на лицето, тонот со кој зборува, колку често оди на прошетка, шемата на спиење, отчукувањата на срцето и дишењето, како и брзината со која куца на тастатурата и содржината на тоа што го пишува.

И покрај најавата дека ваквиот тип технологија може значително да придонесе за превенција на одредени здравствени проблеми, сепак сè уште нема конкретни резултати. Како и да е, нема да биде чудно доколку вашиот телефон се претвори во ваш мал, џебен лекар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.