Дали веганите се поздрави од луѓето кои јадат месо?

Но, како оваа диета навистина се одразува на здравјето?
Веганите не јадат месо, риба и сите производи од животинско потекло – јајца, млеко и млечни производи.
Во најновата епизода на серијата „Trust Me I’m A Doctor“, доктор Жил Јео реши да биде веган еден месец за да види како тоа ќе влијае на него.
Тој откри дека една од најнезгодните работи е фактот дека не сме свесни колку производи содржат состојки од животинско потекло, иако не ни изгледа така на прв поглед.
Покрај јајца, сирење и месо, забранети се и мајонезот, тестенините и виното (во некои алкохолни пијалаци во производството се додаваат рибини коски и животински протеини).
Исто така, треба да внимавате како и колку внесувате витамини и други хранливи состојки што ќе ви недостигаат со исклучување на храната од животинско потекло.


На пример, кога сте на веганска исхрана може да се јави ризик од недостиг на витамин D, кој е потребен за здрави коски.
Замената за млеко е соино, оризово или бадемово млеко, но недостигот на јод (кој го има во кравјото млеко) мора да се надомести со суплементи во исхраната.
На крајот на неговиот „експеримент“ Јео рече дека бил изненаден дека најмногу му недостигале јајцата и производите со јајца, а мислел дека најмногу ќе му недостига месото.
Дали сепак веганската исхрана е поздрава?
Најновите студии во кои се опфатени податоци и резултати од 10 претходни истражувања во кои се испитува и споредува здравјето на веганите, вегетаријанците и оние кои јадат месо, покажуваат дека одговорот е – да.
Научниците дојдоа до заклучок дека кај веганите и вегетаријанците има значитело помал ризик од срцеви болести и заболување од рак, но нема разлика во вкупната стапка на смртност.
Со други зборови, веганската и вегетраијанската исхрана главно се поврзува со здрав начин на живеење, но тоа не значи дека ќе живеете подолго.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.