Новото истражување покажа дека 72 отсто од жените се иритираат од нивните партнери. Дали сте и и вие една од нив?
Ниту една врска не е совршена. Медениот месец никогаш не трае вечно. Истражувањата покажуваат дека паровите кои живеат заедно секојдневно се „живцираат“ меѓусебно.
Сепак, се чини дека мажите се многу потолерантни отколку жените – само 59 отсто од мажите се нервираат од нивните партнерки. Имаме пример од филм кога Марк Дарси и кажува на Бриџит Џонс дека ја сака таква каква што е.
Но, не грижете се, не е се така лошо. Иако ќе ве изнервира кога ќе ги остави валкани чорапи на подот, кога не ве слушаа додека зборувате за нешто или кога ја заборава годишнината, тој е лицето на кое секогаш може да се потпрете. 98 отсто од жените изјавиле дека секогаш може да се потпрат на својот партнер, а 96 отсто признале дека секогаш можат да ги споделат проблемите со него.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Новото истражување покажа дека 72 отсто од жените се иритираат од нивните партнери. Дали сте и и вие една од нив?