Дали внесувате доволно витамини и минерали преку храната?

Познато ни е дека витамините и минералите се многу важни за нашето здравје, но поради стресното секојдневие во кое живееме и лошиот избор на храна, ретко посветуваме внимание на тоа да консумираме храна која е богата со витамини. Во прилог прочитајте кои витамини и минерали му се најпотребни на нашето тело и во која храна може да ги најдете во изобилство.
Зошто витамини и минерали?
Без нив не можеме да вршиме ниту една физичка функција, да размислуваме, па дури и да дишеме. Воедно, истражувањата покажуваат дека доволен внес на витамини и минерали служат како превенција за канцер и срцеви заболувања, но играат круцијална улога и при други состојби на нашето здравје. Кои витамини и минерали се најважни?
1. Витамин А
Многу е важен за здравјето на очите и генерално за растот и развојот, вклучувајќи ги и здравите заби и кожата. Најмногу се содржи во морковите, портокалите и слаткиот компир.
2. Витамин Б
Важен е за енергија на оганизмот и имунолошките функции. Се содржи најмногу во непроцесирана храна, продукти од цело зрно, компир, банана, чили пиперки и грав.
3. Витамин Ц
Витаминот Ц игра голема улога за цврстината на крвните садови и ѝ дава еластичност на кожата. Има улога на антиоксидант и го апсорбира железото во организмот. Се содржи во портокалот, црвени и зелени пиперки, киви, грејпфрут и јагоди.


4. Витамин Д
Витаминот Д е многу важен за здравјето и цврстината на коските. Овој витамин може да го косумирате преку храна како што се: јајца, риба и печурки.
5. Витамин Е
Потребен е за добра циркулација на крвта, а може да го консумирате преку храна меѓу која: бадеми или други јаткасти плодови, сончогледови семки и домати.
6. Витамин К
Овој витамин игра голема улога при коагулација на крвта и е од голема важност. Се содржи во спанаќот и брокуклата.


7. Калциум
Калциумот е најважен за здравјето на забите и коските. Калциумот го консумираме преку исхрана со млечни производи како: млеко, јогурт, сирење и кашкавал.
8. Цинк
Цинкот го подобрува имунитетот и позитивно влијае на плодноста. Се содржи во морските плодови, спанаќот, мешункастите плодови и црното чоколадо.
9. Железо
Важно е за природна изградба на мускулите и одржување на здравјето на крвта. Железото во голем процент се содржи во леќата, остриги, месо, соја, семки од тиква, мешунки и спанаќ.
Дали е само храната доволна?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.