Витаминот Ц е многу важен за човечкиот организам, бидејќи освен тоа што го подобрува имунолошкиот систем, тој му помага на телото да се одбрани од сезонски настинки и грип, а го намалува и ризикот од хронични и срцеви заболувања.
Од друга страна, недостатокот на витаминот Ц предизвикува многу здравствени проблеми како што е губењето на телесната тежина, умор, инфекции на уринарниот тракт и слично.
Овој витамин делува како антиоксидант и спречува оштетување на клетките, а потребен е и за биосинтезата на колагенот.

Сепак, лекарите предупредуваат дека треба да се внимава со употребата на витаминот Ц, бидејќи со претерано внесување може да се предизвикаат проблеми со варењето на храната, дијареа, мачнина и грчеви во стомакот.
- Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат уреди за констатирање сообраќајни прекршоци
- Голманот на Андора проговори за првпат по смртта на Де Мигел: „Ова се најтешките денови во мојот живот“
- (Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени возила низ Полска – расте вниманието поради присуството на странски сили
- Син на египетски имигранти и успешен епидемиолог: Кој е Абдул Ел-Сајед, првиот муслиман избран во Сенатот на САД?
- Крис Рок за неговиот неуспешен брак: Не бев добар сопруг, гледав многу порнографија
- Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни резултати пред членството во ЕУ
- Сали во германскиот Бундестаг: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ
- ДОМ: Кога жена или девојка пријавува насилство, а потоа е убиена, тоа не може да се третира како обичен административен пропуст
- Џеј Ди Венс за поразот на републиканците: „Изгубивме поради војната во Иран, ако мислите дека вредеше, кажете го тоа“
Исто така, витаминот Ц може да го зголеми процентот на киселини во бубрезите и на тој начин да се создадат камења или песок во бубрезите.
Се прашувате како може да препознаете дали вашето тело има недостаток на витамин Ц? Лесно е. Ако чувствувате малаксаност, болки во зглобовите, имате сува кожа или инфекции, голема е веројатноста дека на вашето тело му недостасува витамин Ц.
Освен во вид на апчиња, витаминот Ц можете да го консумирате преку јадење цитрусно овошје, а исто така го има во зелениот зеленчук, односно во зелката, шипката, кивите, јагодите, чили пиперчињата, црвената и зелената пиперка, прокељот, брокулата, ананасот и папајата.
Пронајдете не на следниве мрежи:



