Многумина го прават тоа, но малку од нив ќе признаат: шпионирање на партнерот, односно читање на неговиот e-mail, пораките и слично. Новите истражувања покажуваат дека мал број на “шпиони” сметаат дека тоа е неморално – особено жените.
Вашиот драг почнал да се однесува отсутно односно поинаку од вообичаено – почнувате да се сомневате дека ве изневерува и одеднаш се наоѓате со неговиот мобилен телефон во раката и ги листате неговите SMS. Шпионажа на својата врска! Дали ви е такво нешто познато? Ако е така, не грижете се – не сте единствените кои го прават тоа! Всушност, неодамнешната анкета спроведена од страна на еден САД портал откри дека оваа појава е се почеста во врските, а жените чувствуваат помала морална одговорност отколку мажите.
Истражувањето анкетирало 2000 испитаници. Дури 37 проценти од жените изјавиле дека шпионирањето е сосема во ред – ако постои основано сомневање. Мажите мислат поинаку – 29 проценти се согласиле со тоа тврдење.
Од друга страна, пак, помладите генерации очигледно имаат помал проблем со шпионирање: испитаниците од 18 до 34 години, односно една третина од нив изјавила дека шпионирањето на партнерот е во ред. Само 26 отсто постари од 55 се согласиле со нив. Ова не е за изненадување, бидејќи помладите генерации растат со социјалните мрежи и разни други “носители на пораки”.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Многумина го прават тоа, но малку од нив ќе признаат: шпионирање на партнерот, односно читање на неговиот e-mail, &nbs