Дали доживеа оргазам или не?

Сепак, студиите покажуваат дека над 90 проценти од жените во одреден момент глумеле оргазам, најчесто за да не му ги повредат чувствата (или егото) на партнерот. Ова не звучи толку невообичаено ако го споменеме фактот дека околу 20 проценти од мажите веруваат дека се толку добри љубовници што нивната партнерка не мора да глуми, односно дека е невозможно да не ја задоволиле или пак дека ги лаже.
Дишењето и тишината откриваат повеќе од гласното стенкање
Обично, јасни знаци на оргазам се тишина додека трае градацијата, па грчење на мускулите – најчесто вагиналните, што предизвикува чувство на „стеснување“ на вагината – како и треперење на нозете.
При зголемен интензитет на стимулацијата, здивот ѝ станува пократок, а воздишките погласни. Кај многу жени, после оргазам, се јавува благо црвенило во делот над градите каде кожата е тенка, поради напливот на хормони.


Тоа што глуми не значи дека не ужива
Дури и ако глуми оргазам, тоа не значи дека не ужива во сексот. Имено, истражувањата покажуваат дека кај жените најголема активност има во центрите за задоволство во мозокот за време на секс, односно „на пат до оргазам“, додека непосредно пред кулминацијата нагло опаѓа активноста. Од друга страна, кај мажите, активноста во овие делови е најголема за време на самата ејакулација.
Имено, повеќе од две третини од жените барем еднаш одглумиле оргазам, а 30 проценти од нив го прават тоа редовно и најчесто со најдобри намери.
Да, таа глуми поради вас
Околу 75 проценти од жените признаваат дека го „лажирале“ оргазмот со стенкање и слични постапки од наједноставна можна причина – затоа што партнерот ни најмалку не се потрудил да ги доведе до кулминација.
Една четвртина од жените ќе лажираат оргазам со цел побрзо да го завршат сексот, или затоа што им трае премногу долго или затоа што е монотоно и чувствуваат дека нема шанси да достигнат оргазам.
Само 1 процент од жените глумат оргазам од алтруистички причини – не сакаат да ги повредат чувствата на партнерот. Тие се свесни дека вистината може да создаде притисок што ќе го направи сексот помалку задоволувачки и за неа и за него.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.