Дали елката треба да се украси пред или после Свети Никола!? Се верува дека ако ја украсите на овие датуми, ќе ја избркате несреќата од вашата куќа

Започна новогодишното расположение кое значи празнична еуфорија во сиот свој сјај.

Многу семејства веќе ја накитија елката со првите снегулки кои паднаа минатата недела, додека некои чекаат до крајот на годината за да ја украсат елката.

Експерти тврдат дека датумот на украсување на елката е многу важен. За да привлечете љубов и просперитет во вашиот дом, обрнете внимание на овие посебни датуми…

Се ограничува маржата на 10 проценти, а опфатени се 100 продукти
„Во тек е онлајн вонредна седница на Владата и оваа одлука на Министерството за економија и труд е веќе помината на владина седница, министерот ќе има и прес-конференција. Ќе имаме вакви акции кои …
Фон дер Лајен потврди: 160 милиони евра од ЕУ за Украина
Европската комисија ќе и додели дополнителна поддршка на Украина вредна околу 160 милиони евра, што ќе и помогне земјата да покрие над 25 отсто од своите потреби за електрична енергија, најави претседателката на …

18 декември – вечер на Свети Никола

Се верува дека украсувањето елка на овој датум привлекува просперитет и финансиска стабилност во домот и животот. Идеално е покрај елката да ставите мал подарок за деца, за кој ќе покажете дека е од Свети Никола. На целата атмосфера ќе и’ даде дополнителен празничен карактер.

22 декември – Ден на зимската краткоденица

Доколку сте уморни од животните проблеми и неволји, идеално би било да ја украсите елката на 22 декември. Оние кои веруваат во езотеризмот велат дека овој датум ќе донесе заштита за вас и вашето семејство во текот на целата година.

24 декември

Бидејќи оваа вечер е Бадник според Грегоријанскиот календар, се смета за време на чуда. Се верува дека луѓето треба да ја украсат елката оваа вечер и на тој начин да привлечат богата жетва за пролет и лето.

25 декември – Католички Божиќ

Четвртата опција е да ја украсите елката на денот на Христовото раѓање според Грегоријанскиот календар, па ќе привлечете здравје, среќа и љубов во вашиот дом.

28 декември

Се верува дека оние луѓе кои ќе ја украсат елката на 28 декември ќе ја заштитат куќата од зло. Добро е на овој ден да се прочита молитва за здравјето на целото семејство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.