Дали Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се смирија?

Турските медиуми на големо пишуваат за смирувањето на Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал, како парот неодамна е фатен заедно на јахтата на пејачот. По тој повод, се огласи атрактивната пејачка и ја објаснила ситуацијата.
Имено, фановите се понадеваа дека во прашање е смирување, со оглед на тоа дека ова не би им било прв пат да си ја обноват љубовта. Како што е познато, Емина и Мустафа еднаш раскинаа пред разводот, па се смирија, па за нив ова би била трета среќа.


-Мислам дека овојпат љубовта се изгасна, но никогаш пријателската љубов и љубовта кон нашите деца. Ние сме сега партнери кои мораат децата да ги изведат на прав пат, изјавила Емина.

Меѓутоа, постои една работа која медиумите во Турција ја превидоа. Имено, голема е веројатноста дека во прашање било семејно собирање заради прославата на 10 роденден на синот Јаман, кој е роден на 8 август 2008 година

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.