Дали е Александар Трајковски човек за веза?

Нашата редакција има богата архива. Според нашите истражувања Александар Трајковски, човекот кој што беше забележан со Груевски во Будимпешта, е мошне важна фигура која се појавува секогаш во близина на најмоќните луѓе во ДПМНЕ.
Го имаме на фото со Мијалков, со Гордана, со Мицковски и како што знаете неделава беше и со Груевски. Па затоа се поставува прашање дали можеби Александар е човекот за врска/веза?
Како што е запознаена јавноста обвинет е и за „шамарите“ во Центар, за кои се слушаа разговори на Груевски кога ги нарачуваше, кои своевремено беа објавени на јутјуб. Значи го има секаде. Очигледно е човек од висока доверба штом може да се доближи со сите овие луѓе.
Да потсетиме, тој е официјално на боледување, а неофицијално во Будимпешта. Интересно нели.
Истовремено е и вработен во царина и советник на ДПМНЕ во Гази Баба… Способен момак нели?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.