Мирниот и цврст сон е важен за вашето здравје и добросостојба. Затоа е многу важно на каков душек спиете и кога е време евентуално да го смените.
Ова се случаите во кои треба да го смените душекот:
Го чувствувате падот
Постепената амортизација на душекот најдобро може да се почувствува на површината. Ако осетите нерамнини, грутки и други неправилности со нежно притискање со дланката, време му е за промена.
Вашето тело ви кажува само
Ако после редовен ноќен сон пак се будите уморни и со болка во грбот или рацете, тоа значи дека ви е потребен нов, поинаков душек.
Поминале седум години
Секој душек има рок на траење. Најчесто тоа е од седум до 10 години. Убаво проверете го душекот и ако забележите неправилности по седмата година, не штедете на сметка на здравјето, сменето го веднаш. Ако имате метална рамка на креветот можно е да треба да го менувате душекот почесто отколку на кревет со дрвена рамка или со фиоки.