Дали е Груевски во седиштето на партијата?

Според активностите на полицијата ова е една од можните варијанти. Односно постои сомневање дека Груевски е некаде во „Белата палата“. Како што е добро познато тој имаше свој посебен подземен влез во зградата и никој не можеше да го види како влегува или излегува…

Според информациите од теренот, полицијата ги проверува автомобилите паркирани во подземната гаража на седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Се очекува МВР да добие налог за претрес на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, по што ќе влезат во седиштето.
Претходно, полицијата во два наврата се обиде да го пронајде во неговиот дом, но без успех.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.